Маврово – „Св. Никола“ — стара потопена црква во Мавровското Езеро

Црквата „Св. Никола Летен“ била поранешна главна црква на селото Маврово, која со изградбата на хидросистемот „Маврово“, еден дел од годината е потопена од водите на Мавровското Езеро.

 

Mavrovo - St. Nicholas (Св. Никола) - old submerged church in Mavrovo Lake

Била изградена во 1857 година од делкан камен, имала мермерен олтар, вреден иконостас и икони изработени од Дичо Зограф. При градбата бил користен квалитетен камен и специјална техника на градба, што е главната причина што објектот и камбанаријата до денешен ден во голема мера го имаат зачувано својот изгед.

Црквата била потопена со создавањето на Мавровското Езеро во 1956 година, кога инвентарот бил пренесен во новата црква, која на почетокот била со помали димензии.

Денес потопената црква во Маврово е еден од најфотографираните објекти од страна на големиот број на туристи кои го посетуваат Националниот парк Маврово и Ски центарот, а истата може и да се посети во сушните денови на годината.