Маврово – црква Св. Никола – нова црква

Црквата „Св. Никола Летен“ била изградена во 1857 година од делкан камен, имала мермерен олтар, вреден иконостас и икони изработени од Дичо Зограф. Тоа била старата црква која денес поголем дел од годината стои потопена во Мавровското Езеро.

Со изградбата на хидросистемот „Маврово“ во 1952 година, старата црква била опфатена со Мавровското Езеро и инвентарот од истата бил пренесен на новата локација каде требало да биде црквата, која на почетокот била со помали димензии.

Денешната црква Св. Никола е започната со градба во средината на 1990-тите години на XX век, а е завршена во 2006 година.